Поврзете се со нас

Европски првенства

🎥Потегот на Арда Ѓулер по мечот со Холандија за кој наголемо се зборува во Турција

Објавено

на

Foto:instagram.com/millitakimlar

Турција имаше одличен турнир во Германија, но остана без полуфиналето на Европското првенство. Последниот учесник на „фајнал-форот“ е Холандија.

Навивачите во Турција се очигледно тажни, но во никој случај не се разочарани. Задоволни се од настапот на своите играчи, горди се, но жалат што нема да играат во полуфиналето.

Арда Ѓулер импресионираше во дресот на Турција. Тој сигурно е еден од оние играчи кои можеби покажаа најмногу во текот на целиот турнир. Фудбалерот на Реал го предводеше својот тим, а со некои потези покажа зошто на толку рана возраст стана ѕвезда и еден од главните играчи на Турција.

По завршувањето на натпреварот турските репрезентативци беа во солзи. Младиот Арда не издржа и пушти солза, но никој не заплака како Хакан Чалханоглу. Искусниот играч за врска на Интер тешко се помири со поразот.

А потоа на сцена стапи Арда Ѓулер. Иако има само 19 години, сфатил дека токму тој треба да ги теши соиграчите. Одеше од едниот до другиот, ги поздравуваше, ги гушкаше, им порача да кренат глава и дека мора да се гордеат со тоа што го направија и вечерва и на претходните натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни