Поврзете се со нас

Македонија

🎥 ФК Пелистер мисли на иднината – клубот од Битола потпиша со тројца фудбалери од својата школа

Објавено

на

ФК Пелистер засилено го гради тимот за новата сезона во која се враќа на прволигашката мапа. Вчера како ново засилување беше промовиран искусниот дефанзвиец Александар Ристевски, а утрово пристигна инфромација од битолчани за уште три потписи.

-Нашиот процес на доведување на проверени имиња за сениорската екипа го надополнуваме со потпишување на договорите и имплементирање во првата екипа на најквалитетните момчиња од школата на клубот.

Ни претставува голем чекор напред и гордост на клубот и градот што можеме да се пофалиме со потпишување на договорите со Габриел Крстевски(17), Натаниел Димовски(17)и Давид Ангелевски(16)на три сезони, заклучно со јуни 2027 година.

Тројцата се репрезентативен калибар,настапуваат за соодветните репрезентации,меѓу најдобрите на своите позиции и претставуваат гордост на клубот и градот. Некои од талентите веќе дебитираа за сениорската екипа, други ги чека огненото крштевање оваа сезона, велат од таборото на „зелено-белите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни