Поврзете се со нас

Светски првенства

Француските судијки ја објаснија спорната одлука која предизвика бура во ракометниот свет

Објавено

на

blank

Финалето на светското ракометно првенство меѓу Холандија и Шпанија ќе се памети по неверојатениот и незаборавен крај на натпреварот, во кој видовме една несекојдневна сцена на ракометните терени, за која судиите проценија дека Шпанките треба да бидат казнети со пенал.

Благодарение на седмерецот, Холанѓанките се искачија на светскиот трон и го освоија турнирот кој се одржа во Јапонија, но во фокусот останаа француските судијки Шарлот и Жули Бонавентура кои одлучија да и покажат црвен картон на Ернандез и да досудат пенал по нејзиниот блок над голманката на Холандија.

Иако повторените снимки покажаа дека Ернандез не ја нагазнува линијата и не прави престап, на крајот се сведе се на тоа дека Шпанката направила погрешен потег со тоа што рацете и биле внатре во голманскиот простор, нешто што според правилата се казнува со пенал во последните 30 секунди.

– Нашата улога е да ги применуваме правилата. Во моментот кога ја донесовме одлуката, имавме нула сомнежи. Бев добро позиционирана и имав најдобар поглед (Жули). За време на блокот, топката не го мина голманскиот простор. Тоа се случи во последните 30 секунди, па затоа таа акција резултираше со црвен картон и удар од 7 метри. Истата работа ја видоа и резервните судии, кои по крајот на мечот ја потврдија нашата одлука. Во тој момент од играта, потребно е да имате доволно ментална свежина за анализа на ситуацијата. Нашето решение беше логично, – гласи соопштението на двете сестри објавено од страна на француската ракометна федерација.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни