Поврзете се со нас

Балкан

Тројца македонски репрезентативци во тимот на деценијата во Хрватска (Фото)

Објавено

на

Еден од најпознатите хрватски спортски медиуми, порталот „Germanijak“ пред самиот крај на 2019 година го објави тимот на деценијата во Хрватска составен од странски играчи.

Јасно е дека во него преовладуваат играчи на Динамо Загреб, тим кој долги години е неприкосновен лидер во хрватскиот фудбал. Единствено, сезоната 2016/17 беше изгубена за „модрите“ затоа што тогаш Ријека ја освои титулата во Хрватска.

Во тимот составен од 11 странци кои оставиле најдобар впечаток во последните десет години во Хрватска се најдоа и Стефан Ристовски, Арјан Адеми и Илија Несторовски. Уредникот на „Germanijak“ не штедеше пофални зборови, па за нашите репрезентативци го напиша следното…

Стефан Ристовски (Ријека):

Овој Македонец беше еден од најдобрите играчи на Ријека во историската сезона 2016/17 кога клубот од Кварнер стигна до двојната круна. Ристовски стигна на мала врата, но затоа веднаш стана најдобар играч во лигата, а со самото тоа и најдобар десен бек. По Ријека замина во Спортинг чии бои ги брани и ден денес, а до крајот на животот ќе ужива култен статус на Кварнер. Освен секако, ако во финалните играчки години не одлучи да се придружи на Динамо или Хајдук.

Арјан Адеми (Динамо Загреб) :

Адеми е се само не странец, но тој сега го носи дресот на Македонија, па така слободно може да го сместиме во овој тим. Беспоштеден борец, вистински лидер и водич во соблекувалната. Некој кој секој тренер би сакал да го има во своите редови. Којзнае во која насока би се одвивал анеговата кариера да не мораше неправедно две години да одработува суспензија (во најдобрите години), но во секој случај станува збор за неверојатен играч од средниот ред за кого еден ден Динамо тешко ќе пронајде замена.

 

Илија Несторовски (Интер Запрешиќ):

Кога ги браните боите на еден, без некој да се навреди, помал клуб во ХНЛ, а го најдете своето место меѓу овие „фаци“, тогаш на сите им е јасно дека станува збор за врвен играч. Иле беше врвен играч, половина прилика му беше доволна да постигне гол, а Самир Топлак денес би се решил од целиот свој тим само да му се врати гол машина како Иле. Паметиме секакви негови голови, од евроголови до „компири“ кои ги постигнуваше од половина метар, но едноставно Иле е таква гол машина која не простува грешки и која, доколку ја донесете топката до него, сигурно ќе постигне гол. Во ХНЛ се задржа три години, постигна неверојатно 74 погодоци, а откако три години помина во Палермо, ова лето замина во Удинезе. Симпатичен карактер надвор од теренот и некој со кого секогаш ќе се насмеете, но нема шанси да се смеат одбранбените играчи кои мора да го чуваат него. Иле= гол машина.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни