Поврзете се со нас

Шпанија

Суарез сака нов договор: Среќен сум во Барселона, јас сум…

Објавено

на

Искусниот уругвајски напаѓач, Луис Суарез кој наредниов месец ќе наполни 33 години е подготвен да ја продолжи соработката со шпанскиот гигант Барселона.

Суарез од 2015 година е дел од каталонците и досега има дадено 190 погодоци на 268 натпревари со што е еден од најдобрите стрелци во историјата на клубот. Кога се во прашање бројките и во актуелнава кампања добро му оди и има 13 голови на 21 меч во сите конкуренции, па затоа тој смета дека е на висината на задачата и се надева дека ќе остане на сегашното место и по 2021 година кога му завршува тековниот договор.

-Јас сум многу среќен во клубот. Отсекогаш сум давал сè за каузата. Статистиката и бројките се моја поткрепа, мислам дека сум на висината на задачата и кога ќе дојде до преговори ќе видиме што ќе се случи, -истакна популарниот „Ел Пистолеро“ за „Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни