Европски првенства
Српските кадети загубија бизарно од Шпанија, со солзи го напуштија теренот (Видео)

Репрезентацијата на Шпанија беше фаворит во дуелот со Србија на Европското кошаркарско првенство за играчи до 16 години кое периодов се одржува во Италија, но до победата стигна по продолжение и најмногу благодарение на една бизарна грешка на противнички играч.
Шпанците го добија дуелот со 72:71 по едно продолжение, а откако при резултат 71:71 на 1,9 секунди до крајот, српскиот репрезентативец Марко Марковиќ доби техничка грешка поради непрописен потег при обидот да попречи прецизно изведување на топка од страна за Шпанците кои го имаа последниот напад.
Противникот искористи едно слободно фрлање за конечни 72:71, бидејќи Србите не го искористија последниот обид кој беше шут за три поени. Шпанците се радуваа на пласман во полуфиналето, а српските репрезентативци кои нема да го заборават овој финиш до крајот на животот, со солзи во очите, бурно протестираа и по завршувањето на мечот.
-
Балканпред 13 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 23 часа
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд
-
Шпанијапред 17 часа
Тебас смета дека Барселона заслужува да и бидат одземени бодови ако е виновна во случајот „Негреира“
-
Шпанијапред 22 часа
Анти-фудбалот донесе неверојатна тензија во Билбао, Ињаки влезе во жесток клинч со противничкиот тренер (Видео)
-
Шпанијапред 3 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Англијапред 14 часа
Макелеле се збогуваше со фановите на Челси: Време е за нов предизвик
-
Шпанијапред 4 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 4 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки