Поврзете се со нас

НБА

Спарс се намачија за триумф против Голден Стејт, Дончиќ не можеше сам против Оклахома Сити

Објавено

на

Новогодишната ноќ во НБА лигата донесе неколку интересни натпревари, а најнеизвесно беше на дуелот меѓу поранешни шампиони од западната конференција, Сан Антонио Спарс и Голден Стејт Вориорс.

Откако Олдриџ не донесе победа за Спарс во регуларниот дел од натпреварот, неговиот тим сепак беше поуспешен по дополнителните минути за конечни 117:113. ДеРозан со 24 и Милс со 17 поени биле најефикасни кај победникот, додека во редовите на „воините“ Бркс реализирал 28, а Робинсон го завршил дуелот со 25 поени.

Лука Дончиќ реализираше 35 поени против Оклахома Сити, но неговиот Далас не успеа да стигне до триумфот (106:101), пред се поради фактот што на овој натпревар не настапија Порзингис и Хардавеј. Галинари и Шродер со по 20 поени биле најефикасни во победничкиот тим.

Хјустон ја прекина серијата на Денвер и тоа со доминација во последниот период, за да стигне до убедлива победа од 130:104. Харден со 35 и Вестбрук со 28 поени биле најдобри реализатори кај „ракетите“, а Јокиќ ги предводеше Нагетси со 21 поен.

Торонто беше убедлив против Кливленд со 117:97, а најзаслужни за победата биле Лаури со 24 и Ибака со 20 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни