Поврзете се со нас

Билијард и Снукер

Сипковски ја завери титулита, се чека на АМС за балканска билијард лига!

Објавено

на

Дејан Сипковски викендов славеше на билијард турнирот во дисциплината „десетка“, кој што доаѓа како четврти во низата турнири во поединечна конкуренција.

На турнирот се појавија 31 играч од 6 клубови, но за разлика од доминацијата на Сипковски, изненадување беше да се види прогресот на Флорим Мемеди од Тетово, кој на крајот го освои второто место, пред Александар Бошески и Резак Медија. Сите натпревари беа достапни за следење во живо преку „BilliardON“, вклучувајќи ја и статистиката од секој натпревар.

Наспроти ова, претходно се одржа и третиот, послеен турнир за дисциплината „деветка“, кој се играше во „Golden Ball“ во Тетово, што беше прв ваков настан од Билијард Асоцијацијата (БАСМ) организиран во овој град, а привлече учество на 36 играчи. Со победата и на овој турнир, Сипковски ја завери титулата во оваа дисциплина. На турнирот второпласиран беше Резак Медија, додека на трето место се најдоа Александар Бошески и Тале Самарџиоски од Прилеп.

Според информациите кои неофицијлано беа споделени за време на турнирите, раководството на БАСМ е во преговори со останатите федерации од соседините земји за учество во своевидна „балканска лига“, каде што се очекуваат играчи од 11 држави, но поради транспортни олеснувања да бидат поделени на два региона, северен и јужен. Во моментов, се очекува поддршката од Агенцијата за млади и спорт за да може да се официјализираат овие преговори и Македонија да стане дел од овој систем на натпреварувања.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни