Поврзете се со нас

Светски првенства

Рубио со емотивна изјава по триумфот на СП: Пред три години ја загубив мојата мајка, но знам…

Објавено

на

Рики Рубио на фантастичен начин го одигра Мундобаскетот во Кина и сосема заслужено ја понесе наградат на најдобар играч на турнирот во кој тој со колегите и го донесоа златото на Шпанија на овој голем планетарен настан.

Новиот член на Феникс Санс беше пресреќен поради овој резултат како и индивидуалното признание, а воедно на пресот по натпреварот даде и една емотивна изјава во која ја спомена неговата мајка која пред три години починала.

-Секако дека има некој што ме следи. Ја загубив мојата мајка пред три години. Знам дека беше зад мене, ме туркаше секој ден за да го извлече најдоброто од мене. Знам дека немаше никој на овој свет кој ме сакаше повеќе од неа. Таа сè уште ме носи напред секој ден. Иако не е тука, тоа го чувствувам. Горд сум на мајката која ја имав, -истакна Рики кој се најде и во најдобрата петорка на мундијалот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни