Свет
Роси и Хамилтон ги заменија улогите: Вале го возеше болидот на Мерцедес, Луис ја испроба Јамахата (Видео)
Валентино Роси и Луис Хамилтон ја заокружија 2019-та година со едно уникатно случување на патеката во Валенсија, каде повеќетракните шампиони во Мото ГП и Формула 1 ги заменија улогите на еден ден.
Главниот спонзор „Монстер“ органиираше специјална средба меѓу двајцата шампиони кои со години наназад ги воодушевуваат заљубениците во мото-спортот, а во ситуација кога нема премногу информации за спектаклот кој се случи пред два дена, сега се појави првото видео на социјалните мрежи, на кое се гледа дека двајцата навистина ги замениле своите „машини“.
Легендарниот Вале го возеше Мерцедесот со кој Хамилтон стигна до својата шеста титула во Формула 1, додека Британецот ја испроба Јамахата на италијанскиот ветеран кој и натаму им пркоси на годините и вози на највисоко ниво во Мото ГП.
– Добро утро на цел свет. Се надевам дека сте добро. Жалам што нема премногу информации за тоа што го доживеавме јас и Валентино, но можам да кажам дека тоа што го доживеавме беше епски. Двајцата си поминавме одлично, немаше неволји и го минавме најдобриот ден, – порача Хамилтон, по што брзо се појави и првото видео кое е само најава за она што го доживеале двајцата во заедничкото дружење.
-
Шахпред 10 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Балканпред 23 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 10 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шпанијапред 13 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Македонијапред 8 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Шпанијапред 15 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 14 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Светпред 12 часа
Невил ги избра трите најважни летни трансфери и го посочи својот фаворит за титулата во ЛШ