БИБЛ лига
Пен: Никој не веруваше во нас, ама ние успеавме

Македонскиот кошаркарски прволигаш, Блокотехна е новиот освојувач на БИБЛ регионалната лига и тоа откако на завршниот турнир во Тирана беше подобар од Академик Бултекс и Теута.
Составот од Гевгелија одигра одлично на двата натпревари во кои не можеше да смета на стандардните првотимци Данило Мијатовиќ и Горан Главчев кои беа повредени, но затоа во нивно отсуство брилијантен беше Брендон Пен кој ја презема одговорноста и дефинитивно е најзаслужен за големиот успех.
-Мината недела ни се повредија двајца играчи, а во истиот меч настрадав и јас, ама за среќа само на неколку денови. Останавме сите заедно, имаме млади играчи, никој не веруваше во нас, ама ние успеавме. Сакавме да имаме одличен старт во финалето. Знаевме оти двата тима ќе бидат уморни, па сакавме да дојдеме до рано водство и да го задржиме. Пред три години бев во Гевгелија и играв за Кожув, ама со истиот тренер и раководство. Горд сум на тие момци. Мислам дека треваше и тогаш да ја освоиме титулата, ама еве сега се извадивме, -порача Пен.
-
НБА14 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Италија9 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
Шпанија7 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Шпанија11 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
НБА14 часа
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
АТП8 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Шпанија15 часа
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..
-
Италија4 часа
Рома победи со мајсторски слободен удар, Сузуки ја имаше одбраната на сезоната (ВИДЕО)