Поврзете се со нас

Лига на нации

Падна конечна одлука: ФФМ одреди на кој стадион ќе се игра полуфиналето меѓу Македонија и Косово

Објавено

на

Македонија ќе ја има улогата на домаќин на полуфиналниот натпревар со Косово во Лигата на нации, а денеска одговорните луѓе на ФФМ донесоа конечна одлука за тоа каде ќе се одигра натпреварот на седницата која ја имаше Управниот одбор.

Ова прашање ја засегаше цела спортска јавност веќе извесно време, па така ова попладне се стави крај на дилемите, откако изборот падна на најубавото и најголемото фудбалско здание во нашата земја. Полуфиналето меѓу Македонија и Косово ќе се игра на 26-ти март, и тоа на Националната арена „Тодор Проески“ која се очекува да биде преполна од македонски навивачи.

– У.О. на ФФМ донесе одлука натпреварот Македонија – Косово од 1/2 финалето во Лига на Нации да се одигра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Плеј-оф натпреварот меѓу македонската А репрезентација и селекцијата на Косово се игра на 26. март 2020. година. Со официјален допис, ФФМ ќе ја извести и УЕФА за местото на одигрување на натпреварот, – гласи соопштението на ФФМ, во кое уште се напоменува дека фудбалерите ќе поделат премија од 50 илјади евра за добрите резултати кои ги остварија во квалификациите.

– – У.О. на ФФМ донесе одлука за исплата на премија од 50.000 илјади евра како парична награда за фудбалерите и стручниот штаб во А репрезентацијата за настапот на македонската А селекција во квалификациите за ЕВРО 2020.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни