Олимписки игри
Натпреварите во сурфинг на ЛОИ 2024 ќе се одржат на 15.700 километри оддалеченост од Париз
Организатор на Летните олимписки игри во 2024 година ќе биде Париз, но натпреварите во сурфање ќе се одржат 15.000 километри подалеку од француската престолнина.
Францускиот олимписки комитет денеска објави дека планира медалите во сурфинг, спорт кој ќе дебитира на оваа Олимпијада, ќе бидат доделени на Тахити, најголемиот остров во Француска Полинезија.
И покрај тоа што во игра за организатори на овој олимписки натпревар биле неколку крајбрежни француски локации, Французите решиле сурфањето да биде префрлено 15.700 километри подалеку од Париз.
Домаќин ќе биде местото Теахупо познато по големите бранови, а единствената дилема е дали и женскиот натпревар да остане на истата локација, поради преопасните бранови во овој регион. Претставници на локалниот организациски комитет најавува дека со дозвола на ИОК, женското сурфање би било организирано во период од денот кога брановите не се со толку голем интензитет.
За одлуката да стане официјална, ќе се чека зелено светло од Интернационалниот олимписки комитет.

- Светски првенствапред 24 часа
Шпекулациите стануваат реалност, Златан Ибрахимовиќ по долг период се враќа во репрезентативниот дрес
- Шпанијапред 23 часа
Зидан го означи големото дерби против Атлетико како „финале“ и нагласи: Добро е што ќе сметаме на специјален играч
- Англијапред 20 часа
Саха со нов совет до Солскјер: Тој не смее да си замине лесно од Јунајтед
- Шпанијапред 18 часа
Помошникот на Куман: Неверојатно е тоа што се слуша на теренот кога Меси ќе ја прими топката
- Светпред 20 часа
Куртоа се пожали за третманот во родната земја: Преживеав цунами во Реал Мадрид, а сега…..
- Англијапред 23 часа
Клоп ја отвори вратата во случај на најнеповолно сценарио: Не сакам такви играчи во мојот тим!
- Германијапред 15 часа
Колер знае зошто Алаба си заминува од Баерн: И јас истото го направив
- Англијапред 21 час
ВАР циркус од невидени размери: Дефанзивецот на Барнли играше ракомет, Арсенал не доби пенал (Видео)