Поврзете се со нас

Франција

Монако го отпушти Жардим, неговиот наследник доаѓа од Шпанија

Објавено

на

Леонардо Жардим и вторпат ќе се раздели со францускиот прволигаш Монако, клубот кој веќе донел одлука и кој ќе биде наследник на Португалецот.

Француските медиуми тврдат дека денеска двете страни имале состанок по кој Жардим веќе не е тренер на Монако, а ќе биде заменет од Роберт Морено, веќе поранешниот шпански селектор.

Морено го привлече вниманието откако успешно го замени Луис Енрике на клупата на шпанската репрезентација и избори пласман на ЕП 2020 со „фуријата“, но ја загуби функцијата поради враќањето на Енрике.

Морено досега самостојно нема водено клуб, откако му беше помошник на Луис Енрике уште од периодот кога Шпанецот ја водеше Рома во сезоната 2011/12.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни