Поврзете се со нас

Лига Европа

Лига Европа: Јунајтед и Арсенал ќе патуваат во Белгија и Грција, Интер ќе игра во соседството (Фото)

Објавено

на

По комплетираните осминафинални двојки во Лигата на шампионите, се одржа и ждрепката во Лига Европа, натпреварување во кое во фокусот се става на неколку тима кои важат за главни фаворити.

Тука пред се се мисли на премиерлигашите Манчестер Јунајтед и Арсенал, но секако и на Интер, Севилја, но и Ајакс кој прерано го заврши своето учество во ЛШ оваа сезона. Јунајтед доби лесна задача и во 1/16 финалето ќе игра против Клуб Бриж, Арсенал ќе патува на тешкото гостување во Пиреја кај Олимпијакос, додека Интер ќе игра во нашето соседство, односно во Бугарија против Лудогорец. Севилја како неколкукратен освојувач на Лига Европа го доби за противник Клуж, а Ајакс ќе ги одмери силите со шпански Хетафе.

Од останатите дуели, посебно изедначено се очекува да биде на пресметката меѓу Бенфика и Шахтјор, како и двобојот меѓу Баер Леверкузен и Порто.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни