Англија
Лампард го искоментира страшниот гол на Брајтон и заклучи: Ова што го видов е загрижувачки!
Челси покажа две лица на гостувањето на „Амекс“ стадионот и на крајот може да биде задоволен што освои само бод, а тоа го заклучи и самиот Френк Лампард кој по ремито од 1:1 беше доста остар.
Стартот на новата година не започна најдобро за Челси, бидејќи првото одлично полувреме беше брзо заборавено со исклучително лош втор дел во кој Брајтон израмни со спектакуларен гол на Јаханбакш. Напаѓачот на Брајтон со фантастични „ножички“ ја отвори годината, а со тоа го разочара Лампард кој призна дека погодокот бил феноменален.
– Во првото полувреме требаше да го добиеме мечот. Не бевме доволно рутинирани пред голот. Дадовме гол и имавме посед, но едноставно не го „убивме“ мечот. Им дозволивме да останат во игра, а на крајот ни дадоа феноменален гол и бевме доволно среќни да не загубиме. На крајот тие беа подобри од нас и тоа мора да ни биде јасно. Недостатокот на континуитет за време на 90 минути е загрижувачки, ова што го видов треба да не загрижи. Мора апсолутно да се насочиме на тоа, воопшто не сум задоволен од целокупниот перформанс, – порача Лампард.
-
Англијапред 24 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Шпанијапред 23 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Италијапред 23 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Англијапред 21 час
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Англијапред 23 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
АТПпред 12 часа
Алкарас за првото место на Ѓоковиќ: За тоа размислувам на секој тренинг и турнир…
-
Англијапред 21 час
Артета остана без најважниот офанзивен играч: Колку и да внимаваме…
-
Англијапред 8 часа
Њукасл го исфрли Сити од Лига Купот, нова „два во еден“ партија на Ливерпул (ВИДЕО)