Поврзете се со нас

Репрезентација

Лазаров: Задоволен сум од тоа што го видов, ние сме благи фаворити!

Објавено

на

blank

Селекторот Данило Брестовац го направи претпоследниот пресек воочи Европското ракометно првенство, одлучувајќи се да понесе 20 ракометари за завршните подготовки кои следат во Словенија.

Предводникот на најсилниот македонски тим најави дека ќе има и нова завршна селекција пред почетокот на самиот турнир, а при своето обраќање, побара истапување од двајцата млади играчи со најголемо искуство во националниот состав, Филип Талески и Филуп Кузмановски.

Брестовац смета дека овие двајца треба да преземат одговорност и да покажат многу на Европското првенство, секако потпомогнати од капитенот Кире Лазаров кој ќе биде вистински лидер на тимот.

– Луѓето од стручниот штаб видоа со што располагаме на овие први тестови кои минаа. Од тоа што го видов, можам да кажам дека сум среќен и задоволен бидејќи ми се допаднаа многу работи. Работата на младите докажува дека сме на добар пат, иако истиот ќе биде многу долг. Мора да имаме високи цели на ова ЕП и ако ни се укаже можност, да зграбиме шанса за што е можно повисок пласман. Не се сомневам дека имаме квалитет да ја минеме првата фаза, но мора да одиме чекор по чекор. Сме ги победувале сите противници кои ни се во групата, но мора да одиме претпазливо. Ние сме благи фаворити, дури и против Австрија која е домаќин, – порача капитенот Лазаров.

Само за потсетување, Македонија се најде во доста поволна група, бидејќи покрај Австрија, ќе ги одмерите силите уште со Чешка и Украина.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни