Поврзете се со нас

Европски првенства

Куман го комплетираше стручниот штаб со две холандски легенди

Објавено

на

Роналд Куман може да биде задоволен од начинот на кој играше холандската репрезентација во квалификациите за ЕП 2020, а уште отсега ги планира активностите за претстојното лето.

Денеска, холандските медиуми потврдија дека нови членови на стручниот штаб на Куман станале Руд ван Нистелрој и Мартин Стекеленбург, двајца поранешни репрезентативци кои ќе добијат шанса да собираат искуство на важно натпреварување како Европско првенство.

Ван Нистелрој води екипа од младинската академија на ПСВ Ајндховен, додека Стекеленбург бил селектор на една од младинските селекции на Холандија.

„Портокаловите“ се во група со Австрија и Украина, а четвртата репрезентација ќе биде дополнително позната и може да биде и Македонија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни