Европски првенства
Кадетите повторно загубија од Израел и завршија 12. на ЕП во Италија

Македонските кадети на крајот мора да се задоволат со 12-то освоено место на Европското првенство во Италија, бидејќи на последниот меч кој го одиграа ова попладне прокнижија уште еден пораз од должникот во групната фаза.
Во битката за 11-то место на турнирот кој се играше во Удине, Македонија на успеа да се справи со незгодниот Израел, селекција со која го изрежиравме највозбудливиот натпревар во првата фаза на турнирот. Тогаш Израелците не победија после три продолженија, а денеска главната разлика ја направија во клучниот период.
Нашите надежи отворија одлично, имавме контрола на играта и на полувремето заминавме со минимална предност од 39:37, а иако таквиот пристап продолжи и во третиот период, во последната четвртина следеше голем пад кој беше одлучувачки за поразот. Израел победи со 25:11 во последниот период и на тој начин стигна до далеку полесна победа од 83:72, епилог со кој стана јасно дека Македонија го освои 12-то место на Евробаскетот во Удине.
-
АТП22 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Италија1 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Шпанија5 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Шпанија21 час
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Шпанија3 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија20 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
Англија4 часа
Првиот човек на Кристал Палас за санкцијата од УЕФА: Ова е голема неправда
-
АТП17 часа
Ѓоковиќ: Реалноста ме погоди во глава и тешко ми е да го прифатам тоа!