Поврзете се со нас

Атлетика

Историски ден во Виена: Кениецот Кипчоге стана првиот човек кој истрча маратон за помалку од 2 часа!

Објавено

на

blank

Елиуд Кипчоге изрежира ден за историја во Австрија, бидејќи ова утро во главниот град Виена стана првиот човек и спортист во историјата кој истрчал еден маратон под границата од 2 часа.

Неверојатниот 34-годишен Кениец кој е светски рекордер во маратонските делници се одлучи за подвиг кој уште долго ќе се памети, бидејќи главна и крајна намера беше да ја урне бариерата од 120 минути. Кипчоге го истрча маратонот за точно 1 час, 59 минути и 40 секунди, време кое делува навистина неверојатно и незамисливо, бидејќи статистиката вели дека Кениецот трчал 100 метри за 17 секунди во темпо кое тешко дека некој ќе го повтори.

Успехот на Кипчоге беше спонзориран од ИНЕОС, но треба да се напомене дека ова време нема да важи како нов светски рекорд, бидејќи светската атлетска организација (ИААФ) не го признава ова време. Меѓународното тело на атлетика посочи неколку причини за тоа, а како главни се тоа што овој маратон не беше организиран од ИААФ, неприсуството на анти-допинг агенцијата, како и тоа што Кипчоге во текот на целиот маратон беше следен од автомобил кој со ласер му го диктираше темпото за урнување на посакуваната граница.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни