Поврзете се со нас

Англија

Ингс го посрамоти Алдервилд, Мурињо шокиран на „Ст. Мери“ (Видео)

Објавено

на

Саутемптон пред два месеци доживеа бламажа на домашниот „Ст. Мери“ и прими дури девет гола од Лестер, но сега ситуацијата за менаџерот Хазенхут изгледа далеку подобро, откако „светците“ врзаа доста добри резултати, вклучувајќи го и овој денешниот против Тотенхем.

Саутемптон пред две кола го изненади Челси на „Стемфорд Бриџ“, а на стартот на новата година, го шокираше и Жозе Мурињо чиј тим пристигна со големи амбиции на „Ст. Мери“ по ремито со Норвич. Наместо триумф, Мурињо огорчен го напушти стадионот, не само поради минималниот пораз од 1:0, туку и поради фактот што големи се шансите дека го загуби Кејн на подолго време.

Напаѓачот се пожали на силни болки во задната ложа кога беше поништен негов гол за 1:1, по што неговото место на теренот го пополни Ламела. Претходно, Саутемптон дојде до водство уште во првиот дел, кога напаѓачот Ингс буквално го посрамоти Алдервилд кој немоќно заврши на колена.

Со овој триумф, Саутемптон побегна од опасната зона и стигна дури до 11-то место, додека Тотенхем одново пропушти шанса да му се доближи на Челси кој денеска ремизираше со Брајтон.

На преостанатите два меча кои се играа од 16:00 часот, Ватфорд одново победи и славеше над Вувлерхемптон со 2:1, додека Лестер лесно триумфираше над Њукасл со 0:3.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни