Поврзете се со нас

Свет

Идеални единаесет во формација 4-3-3: „Франс фудбал“ го одбра тимот на деценијата (ФОТО)

Објавено

на

Реномираниот франциски магазин, „Франс фудбал“ направи еден супер дрим тим, односно го одбра најдобриот состав за изминатава деценија.

Од „Франс фудбал“ се решија за екипата во формација 4-3-3 во која има место за само еден играч од овој регион и тоа хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ кој заедно со Андрес Иниеста и Чави Ернандез ја покриваат средината на теренот.

На голот е Икер Касилјас, одбранбената четворка ја сочинуваат Филип Лам, Марселона, Серхио Рамос и Вирџил Ван Дајк, а пак кога е во прашање нападот тука очекувано се Лионел Меси и Кристијано Роналдо, плус бразилскиот интернационалец Нејмар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни