Поврзете се со нас

Франција

Дракслер се враќа во Германија за да се бори за настап на ЕП 2020

Објавено

на

Јулијан Дракслер не може да биде задоволен од минутажата која ја добива од тренерот на ПСЖ, Томас Тухел и многу е веројатно дека ќе го напушти Париз уште во јануари.

„Ле Паризиен“ тврди дека германскиот фудбалер одлучил да се врати во својата земја и да ја прифати понудата на Херта.

Иако не се работи за екипа од врвот на Бундеслигата, Херта ќе му овозможи сериозен број настапи на Драклсер, а тој ќе може да се докаже и пред селекторот Јоаким Лев во пресрет на Европското првенство кое е на програмата следното лето.

Тренер на Дракслер ќе му биде Јирген Клинсман, па очигледно дека фудбалерот е расположен за ваков потег и тој ќе биде официјализиран по почетокот на зимскиот преоден рок.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни