Поврзете се со нас

Македонија

Достаниќ го имаше првиот тренинг: Ветувам напорна работа за поуспешен Работнички

Објавено

на

Српскито стратег, Ратко Достаниќ денеска го одржа првиот тренинг со Работнички и тоа на негово инсистирање за да ги види на дело играчите кои ги има на располагање, за потоа да донесе и вистинска одлука околу позициите на кои ќе се доведат засилувања во текот на зимата.

-Почнуваме со напорна работа од самиот почеток, знаеме во каква ситуација е Работнички на табелата и потребни ни се шест седмици сериозна работа за да го подготвиме тимот за вториот дел од сезоната во која не очекуваат големи предизвици. Ќе работиме до 30 декември, јас имам информации за квалитетот на фудбалерите, меѓутоа сакам уште од самиот почеток добро да се запознаеме и да се адаптираме во работата. Сакам и на тренинзите да ги видам квалитетите на секој поединец и согласно тоа да доведеме и одредени засилувања на неколку позиции. Можам да ветам напорна работа, голема чест ми е што сум дел од Работнички и верувам дека ќе успееме да бидеме многу поуспешни во вториот дел од сезонатам – изјави Достаниќ за официјалната веб страна на клубот.

„Романтирачите“ одиграа катастофално во првиот дел од сезоната во кој по 18 кола се на последното 10 место на прволигашката табела.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни