Македонија
Доделени наградите за најдобрите во македонскиот фудбал за изминатата година: Елмас, Муслиу…

На гала церемонијата организирана од ФФМ и одржана во Македонскиот народен театар (МНТ) денеска беа доделени наградите за најдобрите во македонскиот фудбал за изминатата година.
Беа доделени награди во многу конкуренции, а најголемо внимание предизвикаа индивидуалните награди кои заминаа во рацете на најдобриот фудбалер на Македонија во странство и најдобриот фудбалер во домашниот шампионат.
Елиф Елмас беше избран за најдобар македонски фудбалер во странство, додека Висар Муслиу ја понесе наградата за најдобар фудбалер од македонскиот шампионат.
Најдобар тренер во Македонија беше Југослав Тренчовски кој со Академија Пандев за прв пат во историјата го освои Купот на Македонија и излезе на европска сцена, а најдобар стрелец беше Влатко Стојановски.
Специјална награда за животно дело доби и легендарниот Атанас Костовски, додека награда за постхумно дело доби Слободан Брацо Вујчиќ.
Освен нив беа избрани и најдобрите играчи во младинскиот фудбал.
Најдобар фудбалер во младински фудбал
Џемал Ибиши (Вардар)
Најдобар стрелец во младински фудбал
Флорент Рамадани (Шкендија)
Најдобар клуб во младински фудбал
ФК Шкендија
Најдобар тренер во младински фудбал
Филип Деспотовски (Вардар)
Најдобар македонски судија
Марјан Гоцевски
Фер-плеј – екипа
Академија Пандев
Најдобар футсал играч
Таулант Исмаили (Шкупи)
Најдобар тренер во футсал
Зоран Лекиќ (Шкупи)
Признание за посебен придонес
Албрим Ќира (Струга Трим Лум)
Кочо Анѓушев (Борец)
-
Англијапред 23 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Шпанијапред 23 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Италијапред 23 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Англијапред 21 час
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Англијапред 22 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
Англијапред 21 час
Артета остана без најважниот офанзивен играч: Колку и да внимаваме…
-
АТПпред 12 часа
Алкарас за првото место на Ѓоковиќ: За тоа размислувам на секој тренинг и турнир…
-
Англијапред 8 часа
Њукасл го исфрли Сити од Лига Купот, нова „два во еден“ партија на Ливерпул (ВИДЕО)