Поврзете се со нас

БИБЛ лига

Главчев: Овој успех го заслуживме, среќен сум што носиме трофеј во Гевгелија

Објавено

на

blank

Екипата на Блокотехна забележа две победи на завршниот турнир во Тирана и ја освои титулата во БИБЛ лигата, успех на кој многу му се израдува главниот човек на овој проект Томица Главчев.

Главчев во изминативе години се вложи во Блокотехна, а неговата инвестиција вроди со прв значаен трофеј за составот од Гевгелија.

-Се чувствувам многу добро, среќен сум затоа што ја освоивме титулата. Ама малку сум и тажен затоа што не успеав тоа да го направам со Кожув кој е дел од мојата историја во кошарката, но се надевам дека еден ден ќе го повторат овој успех. Среќен сум што носиме трофеј во Гевгелија, сите знаеме како славје не очекува. Ни фалеа двајца клучни играчи во тимот поради повреда, ама останатите го оставија срцето на терен, дадоа се од себе. Овој успех го заслуживме. Минаа две и пол години од нашиот почеток и две во БИБЛ лигата. Се надевам дека овој трофеј е само еден чекор од нашиот пат и ќе продолжиме да се подобруваме во иднина, -порача Главчев.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни