Поврзете се со нас

Евролига

Барселона не дозволи изненадување во „Палау Блауграна“, Фенербахче заборави да победува во Евролигата (Видео)

Објавено

на

blank

Кошаркарите на Барселона го оправдаа статусот на фаворити и славеа рутинска победа над Олимпијакос од 90-80 во последната средба од 16 рунда во Евролига.

Со овој триумф каталонците повторно се израмнија со Реал Мадрид и Анадолу Ефес, три состави кои имаат учинок 13-3 (победи/порази) и го држат врвот во најквалитетното натпреварување на стариот континент. Миротиќ блескаше во „Палау Блауграна“ со дабл-дабл учинок од 21 поен и 15 скокови, додека кај гостите од Пиреа прво име беше Рид со 15 кошеви.

 

Фенербахче уште еднаш ги разочара своите навивачи, загуби од Валенсија со 100-98. Турскиот клуб лошо ја одигра последната четвртина и мораше да се спасува со поените на Де Коло, поточно да се избори за продолжение во кое гостите за нијанса беа подобри и се изборија за голема победа.

Залудни беа 31 поени, 7 скокови и 3 асистенции на Де Коло, кај победниците центарот Дубљевиќ реализираше 30 кошеви со 12 скокови.

 

На другите два дуели славеа Црвена Звезда и Жалгирис, првиот беа подобри од Зенит со 65-58, вториот пак од Баерн со убедливи 98-73.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни