Ждрепка ЛЕ: Шпански предизвик за Јунајтед и Мурињо на патот до Стокхолм

le polufinale zdrepka

По извршената полуфинална ждрепка во Лигата на шампионите во седиштето на УЕФА во Нион (Швајцарија) беше завршен и вториот дел, поточно извлекувањето за паровите во Лига Европа.

Во оваа фаза на второто по ранг натпреварување ќе се сретнат Манчестер Јунајтед-Селта Виго и Ајакс-Лион. Двете пресметки се интересни, Мурињо ќе се врати на Пиринеите во Шпанија, а Ајакс и Лион со својот напаѓачки и отворен фудбал се гаранција за одличен спектакл.

Составите кои ќе ја преживеат полуфиналната битка (4 и 11 мај) ќе излезат на мегдан на големото финале кое на 24 мај кое ќе се одржи на „Френдс Арена“ во Стокхолм.

Полуфинале:

Ајакс-Лион

Селта Виго-Манчестер Јунајтед

Facebook Коментари