Вистински хаос: Легендарниот напаѓач на Јунајтед спречен да влезе во Америка поради бизарниот закон на Трамп (Фото)

<> at Old Trafford on May 24, 2011 in Manchester, England.

Американскиот претседател Доналд Трамп стана доста актуелен во фудбалската јавност откако го потврди планот за изградбата на километарски ѕид кој ќе ги раздвојува САД и Мексико, но ако тогаш во прв план се најде твитот на Борусија Дортмунд во кој беше потенциран „жолтиот ѕид“ како единствено нешто во кое веруваат фановите, сега името новоизбраниот американски мандатар е во центарот на вниманието поради инцидентот кој го имал легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед.

Англиските таблоиди ова попладне излегоа со сензационална вест поврзана за Двајт Јорк, поранешниот успешен напаѓач на „црвените ѓаволи“ на кого му бил забранет влез во Америка поради бизарна причина. Всушност, Трамп пред извесно време забрани влез на луѓе во Америка кои имаат било каква поврзаност со седум исламски земји, а тоа во дадениот случај му направил огромен проблем на Јорк.

Пензионираниот фудбалер од Тринидад и Тобаго во својот пасош имал печат од посетата која ја имал во Иран (земја која е на црната листа на Трамп), поради што му бил забранет влез во Соединетите Американски Држави.

– Секоја чест Доналд Трамп. На амбасадорот на Манчестер Јунајтед, Двајт Јорк, му беше забранет влез во Мајами поради тоа што имаше печат од иранската граница во својот пасош, – напиша познатиот англиски новинар и презентер, Ричард Кијс, кој инаку соработува со Двајт Јорк како колега во „Беин Спорт“.

Facebook Коментари