Венгер: Алексис замина во Барселона поради проблемите кои ги има

arsen-pres-saton

Арсен Венгер ова утро ја одржа прес-конференцијата во пресрет на ФА куп пресметката со нисколигашот Сатон, па како што можеше да се очекува, најпоставувано прашање на искусниот француски стручњак беше она поврзано за неговата иднина по дебаклот кој го претрпе Арсенал на гостувањето кај Баерн Минхен.

Без разлика на тоа што неговата иднина на „Емирејтс“ е доведена во прашање како никогаш досега, Венгер концизно порача дека тој ќе остане во фудбалот и декаќ ќе биде тренер наредната година и во случај да не биде тоа во Арсенал, а покрај ова, посебно внимание привлече и одговорот кој го даде за отсуството на Алексис Санчез.

Англиските таблоиди во текот на вчерашниот ден информираа дека Чилеанецот експресно си заминал од Лондон по убедливиот пораз во Минхен, а сега Венгер објасни дека Алексис заминал во Барселона поради проблемите кои ги има.

– Алексис замина во Барселона вчера поради проблемите кои ги има со даночните обврски кон Шпанија. Очекуваме дека ќе се врати на време и дека ќе биде во комбинација за настап против Сатон, – истакнал Венгер, кој на овој начин ги демантираше шпекулациите дека Алексис си земал неколку денови одмор за да се рехабилитира од болниот пораз во Германија и да размисли за својата иднина во Арсенал.

Facebook Коментари