Вардар немоќен против расположениот Рајн-Некар

Rajn Nekar-Vardar

Ракометарите на македонскиот и европски шампион Вардар го доживеаја вториот пораз на турнирот во Гумерзбах. Денеска поуспешни од „црвено-црните“ беа ракометарите на Рајн-Некар Левен кои го добија натпреварот со убедливи 34:25.

Германскиот тим доминирал во најголем дел од натпреварот, а решавачки бил почетокот на второто полувреме кога Рајн-Некар стигнал до двоцифрена предност.

Борозан со 8 и Македа со 6 гола биле најефикасни во редовите на Вардар, а не настапиле Циндриќ, Милиќ и Недановски кои се пожалиле на повреда. На спротивната страна, Филип Талески добил шанса од својот тренер и постигнал 2 гола.

Утре Вардар ќе се бори за третото место на турнирот против домаќинот Гумерзбах.

Facebook Коментари