Валверде: Знам како ќе го заменам Нејмар

ernesto-pokazuva

Ернесто Валверде сигуро ќе има малку драматичен старт на својата авантура на „Камп Ноу“, бидејќи покрај другото, ќе се соочи со притисокот да го пронајде адекватното решение во стартниот тим по заминувањето на една од најголемите ѕвезди во тимот.

Заминувањето на Нејмар е топ тема во Каталонија и на еден ден пред големото „Ел Класико“ дерби кое ќе се одигра на „Камп Ноу“ во првиот од двата предвидени меча во шпанскиот Суперкуп, па тренерот на Барселона мораше да одговара на вакви прашања во увертирата на денешната прес-конференција.

Поранешниот тренер на Атлетик Билбао не очајува за заминувањето на Бразилецот и строго е насочен на она со што располага во овој момент, а притоа посочи дека го знае правилниот план за тоа како најдобро ќе се надокнади отсуството на Нејмар.

– Полека се адаптирам на играчите со кои располагам, но најмногу ме засега стилот кој се негува, тоа е најважно. Имам многу играчи кои се подготвени да играат на највисоко ниво. Го знам најдобриот план за заменување на Нејмар. Треба да гледаме напред и да се потпреме на тоа што го имаме, ако гледаме назад нема да направиме ништо, – истакнал Валверде пред шпанските медиуми.

Facebook Коментари