Тренерот на Нант: Со Лазаров нашиот клуб влегува во друга димензија

Thierry Anti

Францускиот клуб Нант денеска со посебно задоволство ја објави информацијата дека е договорен ангажманот на најдобриот македонски ракометар, Кире Лазаров.
Лазаров по крајот на сезоната ќе ја напушти Барселона откако ќе потпише двегодишен договор со Нант, а со тоа осетно ќе го засили тимот во кој претходно заминаа и Клајн, Балагер и Гурбиндо, а во него настапува и францускиот репрезентативец Нијокас.
Задоволството од овој потег не го криеше тренерот Тјери Анти кој очигледно бил главен иницијатор за трансферот на најдобриот стрелец на последното Светско првенство во Франција.

– Пристигнувањето на Кирил Лазаров во Нант е многу значајно. Фактот што Нант успеа да привлече ракометар од негов калибар ја покажува еволуцијата на клубот, а со Лазаров сега сме веќе во друга димензија, – изјавил Анти.

Facebook Коментари