Трапановски од Академија Пандев потпиша за Славија Прага

Trapanovski

Големиот македонски фудбалски талент, Кристијан Трапановски, денеска официјално беше претставен како нов фудбалер на чешкиот клуб Славија Прага.

Трапановски изминатите три години настапуваше за Академија Пандев, каде се наметна како голем потенцијал, беше и на проба во Интер, а е стандарден член и на младинските категории во нашата репрезентација.

Со 17 години, Трапановски ќе биде член на младинскиот тим на Славија каде наредниот период ќе се наметнува и за повик во првиот тим. Скаутите на чешкиот клуб го забележаа Трапановски поради неговите одлични игри на традиционалниот младински турнир во Прага на кој изминатите години учествуваше Академија Пандев.

Facebook Коментари