Тениската ѕвезда Бушар си го одржа зборот, ќе има и втор состанок со среќниот навивач (Видео)

Genie-Bouchard

Атрактивната тениска ѕвезда Ежени Бужар си го одржа зборот, ветувањето и поради загубениот облог од НФЛ финалето меѓу Њу Ингланд Патриотс и Атланта Фалконс излезе на состанок со фанот на патриотите.

Имено 20-годишниот судент, Џон Герк долета во Њујорк на состанокот кој го испланира Канаѓанката која го однесе на мечот од НБА лигата меѓу Бруклин Нетс и Милвоки Бакс.

И двајцата одлично се поминаа, а 22-годишната тенисерка најави и повторно видување со Џон.

-Беше одлично, тој е нормален. Јас го испланирав состанокот, тој дојде и ме собра од хотелот како џентлмен и дојдовме овде. Ми донесе имав подарок и уживаме во играта. Среќна сум што е нормален. Сигурно ќе има и втор состанок, -истакна Бушар.

Секако импресиониран беше и студентот кој посочи.

-Се е добро, ова е најдобриот состанок, -посочи среќниот навивач.

He says it’s his best date ever! 💕

A post shared by Genie Bouchard (@geniebouchard) on

Facebook Коментари