Шкендија стартуваше со победа над шампионот Вардар (Видео)

Skendija-Vardar

Шкендија го доби дербито против Вардар од првото коло на Првата македонска фудбалска лига, додека Работнички и Ренова на својата премиера одиграа без голови.

Тетовските „црвено-црни“ го скршија отпорот на гостите од Скопје во второто полувреме во кое по еден погодок постигнаа Алими во 61 и Жуниор во 66. минута, што беше доволно за сигурна победа од 2:0 и добар почеток на екипата која минатата сезона беше вицешампион.

На вториот натпревар одигран денеска, Работнички и Ренова ремизираа со најнепопуларниот резултат 0:0, па со по еден бод го започнаа новиот шампионат. Утре се играат натпреварите Шкупи-Академија Пандев, Победа-Пелистер и Силекс-Скопје.

Facebook Коментари