Серена е танга девојка: Не сум презгодна, но супер ми е (Видео)

serena

Најдобрата тенисерка на светот, Серена Вилијамс е дел од групата на тенисерки заедно со Каролина Вознијацки и Ежени Бушар која го прифати предизвикот на „Спортс Илустрејтед“ за да бидат заштитни лица на кампањата „Sports Illustrated Swimsuit“.

Серена позираше во разни костими за капење, но и притоа кажа зошто се реши да ја прифати оваа задача.

-Сакам луѓето да сфатат дека е добро да бидеш задоволен во свеото тело. Не сум премногу згодна, ок е да изгледате добро и јас се чувствувам силно. Да се изгледа силно, секси, да се биде жена, да бидеш нескршлива-сите тие работи се одлични. Јас сакав да влијаам на луѓето кои имаат исто тело како мене. Сакав да си кажам на себе си: и јас изгледам добро. Тоа е на на што се надевам, -вели Серена притоа коментирајќи ги атрактивните фотографии во бикини со танга на долниот дел од костимот.

-Никогаш досега не сум носела танга бикини, ова за мене беше како шолја експресо. Моментално морав да се разбудам. Тангата е перфектна, се чувствував пријатно. Сега сум официјално танга девојка, -заклучи Вилијамс.

Facebook Коментари