Сампаоли со јасен одговор на гласините дека ќе го наследи Енрике на „Камп Ноу“

horhe-sampaoli-sevilja-43893489

Во неделата во која Барселона доживеа пораз од 4:0 од ПСЖ во Лигата на шампиони, тренерот на Севилја Хорхе Сампаоли е еден од оние за кои се верува дека се потенцијални наследници на Луис Енрике на клупата на „Камп Ноу“.

Севилја има само два бода помалку од Барселона во Ла Лига и аргентинскиот стратег се дистанцираше себеси од шпекулациите дека е во комбинација за следен тренер на Барселона.

– Не морам да се објаснувам никому. Немам никаква врска со тоа што е кажано. Целосно сум фокусиран на Севилја, клубот што ме донесе во Европа. Јас живеам и работа во сегашноста и во моментов ме интересира само Севилја. За утре, не можам да знам – одговори Сампаоли преку соопштение на клупскиот сајт.

 

Facebook Коментари