Роси го „пецна“ својот колега: Јас сум тестер на Вињалес

rosi-redbul

Валентино Роси го немаше потребниот ритам во квалификациите за трката на Големата награда на Австрија, но и покрај тоа што ќе стартува од седмото место, искусниот Италијанец верува дека ќе може да направи пресврт во трката како што често тоа му успева во неделите.

Роси прокоментира дека главен фаворит за победата е Марк Маркез кој пронајде начин да ги надмудри возачите на Дукати и да стигне до нова пол-позиција, но при обраќањето пред новинарите, „Докторот“ во свој ситл го „пецна“ колегата Маверик Вињалес.

Роси со насмевка на лицето посочи дека во овој момент се чувствува како тестер на својот колега, бидејќи без разлика за која конструкција од новите три модели на Јамаха ќе се одлучи, веднаш следува копија од Шпанецот.

– Го освоив седмото место, но се уште сум позитивен. На почетокот бев добар и чувствував дека можам да се борам за топ четири во стартниот поредок, но од еднаш почувствував нестабилност со новата гума. Тоа знае да се случи понекогаш, а денес ми се случи мене, – истакнал Роси кој подоцна со насмевка го прозвал Вињалес.

– Во овој момент сум неговиот тестер за новитетите на Јамаха. Се надевам дека утре ќе ме одведе напред, бидејќи одлично ги користи моите одлуки. Шега на страна, најверојатно му недостастува искуство со Јамаха, па затоа верува во моите одлуки, – додал Роси кој во минатото се соочи со вакви ситуации и со Лоренцо, иако тогаш делуваше доста посериозно.

Што се однесува до стартниот поредок на утрешното гран при во Австрија, покрај Маркез и Довициозо, од првиот стартен ред ќе стартува Лоренцо, а пред Роси се уште Вињалес, Петручи и Зарко.

Facebook Коментари