Ристовски: Бев „избркан“ од Ријека, плачев и трчав на последниот тренинг

stefan

Македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски пред неколку дена го комлетираше трансферот за кој долго време се зборуваше, па од Ријека се пресели во Спортинг од Лисабон.

Меѓутоа со оваа преселба го навлече гневот на дел од навивачите кои беа разочарани од ваквиот потег зошто тој беше нивен миленик. За да Ристовски биде нападнат се погрижи и првиот човек на Ријека, Дамир Мишковиќ кој посочи дека дефанзивецот сам инсистирал да замине и не сакал да го продолжи договор.

Сепак тоа е само едната страна, па затоа Стефан го кажа својот дел од приказната, поточно се отвори за „Спортске новости“.

– Презадоволен сум што се е завршено затоа што притисокот врз мене овие денови беше огромен. Од друга страна жалам што се разделив со Ријека на овој начин. Од првиот ден го засакав клубот и мојата желба беше да останам во добро односи со сите. Имаа свој начин, јас го почитувам, ама мора да кажам дека не е се така како што кажа претседателот Мишковиќ. Што се однесува до мене нема зла крв, се слушнавме, му се заблагодарив за се, на сите во клубот, но сакам да им порачам на навивачите на Ријека дека не сум јас тој кој што сакаше да замине, -вели десниот бек и додава:

– Не се збореше за нов договор во ниту еден момент. Од првиот момент на маса беше само разговор за трансфер, така да јасно е дека Ријека одлучиla да ме продаде. Јас би сакал цел живот да играм за Ријека тоа го кажувам јавно и отворено, ама работите не се одвиваа на тој начин… Откако почнав ЛШ, Спортинг Лисабон гризеше, направи голем притисок и уште по првиот натпревар со Салцбург инсистираа да одам кај нив. Ријека и јас вложивме големи напори да го почекаме реваншот, па да видиме што ќе се случи. По дуелот со Салзбург менаџерот ми кажа оти понудата е прифатена и можам да си одам. Од минатотo лето се зборуваше за моја продажба за да клубот заработи, -вели Риле.

– Кога на мојот последниот ден во Ријека ми рекоа дека мора да тренирам одвоено од тимот, јас трчав и плачев. Тешко ми падна, затоа што не сакав на таков начин да се разделам со клубот, мислам дека сепак заслужив малку повеќе. Не требаше да ме испратат како Тоти, ама го засакав клубот и градот,сакав некои работи да бидат поинакви,- посочи искрениот Ристовски.

Facebook Коментари