Ријека ја продолжува „војната“: Ристовски има две лица, веруваме дека е изманипулиран

ristovski-pobeda

Стефан Ристовски излезе со официјална изјава за „Јутарњи“ која ја искористи за да одговори на ставот кој го изнесе претедателот на Ријека за неговото проблематично заминување од хрватскиот шампион, а бидејќи во истото се пожали дека бил избркан од клубот и приморан да тренира самостојно, денеска ни пристигна уште една епизода од ова поглавје.

Спортскиот директор на Ријека, Сречко Јуричиќ ја продолжи „војната“ меѓу двете страни и му возврати на македонскиот репрезентативецот за зборовите кои ги употреби, а истите ги нарече како изнесување на големи невистини поврзани за тоа што реално се случило.

Јуричиќ се сомнева дека самиот Ристовски би постапил онака како што постапил при заминувањето од Ријека, па се сомнева дека тој е изманипулиран од менаџерите кои ги има крај себе.

– Приморани сме да се обратиме до вашиот медиум откако Ристовски даде интервју за овој весник. Во споменатото интервју нашиот поранешен играч кажа многу неверојатни невистини. Пред се, Ристовски треба да се подели на две лица. Ристовски пред добивањето на понудата од Спортинг и Ристовски по добивањето на понудата. Нашиот Стефан беше олицетворение на примерен спортист и играч кој дава се за Ријека, затоа ние многу го ценевме. Сакам да кажам дека голема невистина е тоа дека не сме му понудиле договор. Мораме да излеземе со овој став бидејќи за Стефан имавме само најдобри зборови, го сметаме за легенда на клубот со оглед на доприносот кој го имаше. Но, Ријека и клубот се над се и на навивачите мора да им ја кажеме вистината, онаква каква што е. Жал ни е што Ристовски имаше таков невистинит исказ и што остави дамка на својот престој во Ријека. Се уште се надеваме дека тоа е некоја грешка или дека така постапи изманипулиран од менаџерските лаги. Не може на друг начин да го објасниме неговиот пристап, – вели Јуричиќ.

Facebook Коментари