Работнички преку Куманово до полуфинале со „соколите“ од Карпош

rabotnicki-kumanovo

Најтрофејната македонска кошаркарска екипа Работнички е противникот на Карпош Соколи во полуфиналето на Купот на Македонија.

Центарци вецерва во салата „Јасмин“ излегоа како победници од битката со Куманово со 87-81. Скопскиот состав уште во првата четвртина направи добра предност (24-13) која во продолжението ја контролираше, не ја испушташе иако во неколку наврати „гостите“ сериозно се заканија.

Победата за екипата предводена од Докузовски ја донесе првата петорка, односно истата даде 78 поени. Мишановиќ со 23 беше најрасположен, 19 уфрли капитенот Мираковски, додека пак Чековски реализираше 17 кошеви.

Прво име кај Куманово беше репрезентативецот Караџовски со 19 поени.

Второто полуфинале и противникот на домаќинот Фени Индустри ќе го добиеме по дуелот МЗТ Скопје-Кожув.

Facebook Коментари