Поради врски со нарко картел: Мексиканската легенда Рафа Маркез се најде на „црна“ листа во САД

rafa-markez-9328932

Легендарниот мексикански фудбалер Рафа Маркез се најде на „црната“ листа на САД поради врски со нарко картел.

Според американските власти, поранешниот дефанзивец на Барселона е дел од организација што се бави со шверц на дрога и воведувањето санкции против него и уште 22 други лица е резултат на повеќегодишна истрага.

38-годишниот Маркез настапуваше за Барселона од 2003 до 2010 година, а сега игра за мексиканскиот клуб Атлас.

Facebook Коментари