Падна во немоќ на тартанот: Болт на најнепосакуван начин ја заврши кариерата (Видео)

bolt-pad

Во текот на денешниот ден сите со големо внимание ја најавуваа последната трка на Јусеин Болт во кариерата, но за жал, неверојатниот Јамајканец имаше уште понепосакуван финиш на денешната штафета отколку во финалето на 100 метри.

Болт имаше можност да се прости со златен медал од категоријата 400х100, но на крајот тој ја имаше улогата на трагичар и несреќна личност бидејќи се повреди во последните 100 метри. Непосредно откако го презема стапот, мускулот на левата нога го изневери на неговата последна трка, па иако на крајот славеа Британците благодарение на феноменалниот тимски успех, дел од гледалиштето во Лондон остана шокирано од повредата на Болт.

На крајот, Јусеин и неговите колеги од Јамајка остана без пласман, а покрај Британија која го освои златниот, двата останати медали ги понесоа САД (сребро) и Јапонија (бронза).

Facebook Коментари