Поврзете се со нас

Македонија

ОФС Прилеп прослави 50 години, им укажа чест на основачите (ФОТО)

Објавено

на

Вчера попладне на пригодна свеченост во големата сала на Општина Прилеп беше одбележан златниот јубилеј, 50 години постоење на Општинскиот Фудбалски Сојуз на овој град.

На свеченоста беа доделени специјални плакети: на првиот претседател на ОФС Прилеп Петар Чатлески (постхумно), на иницијаторот за формирање на ОФС, Александар-Цане Самарџиоски, потоа на фудбалскиот судија Трајче Маџоски, како и на биснисмените Симон Наумоски и Кирил Самарџиоски за повеќегодишно несебично помагање на спортот во Општина Прилеп од страна на компаниите „Витаминка“ и „Прилепска пиварница“, на поранешниот прв човек на ФК Победа, Александар Забрчанец, како и на оваа екипа како најуспешен и најистакнат фудбалски клуб.

– ФК Победа е огромен колектив во кој се развиваат околу 300 млади фудбалери. Покрај грижата за првиот тим , ние посебно внимание посветуваме на развојот и продукцијата на наши млади фудбалери кои во иднина ќе бидат носители на играта на првиот тим и ќе прераснат во репрезентативци на Македонија. Прилеп секогаш имал и ќе има фудбалери кои достојно ќе ја репрезентираат нашата држава. За клубот да функционира ние вложуваме максимални напори, огромен труд и средства. Морам да истакнам дека најголема заслуга за функционирањето имаат вложувањата во клубот од страна на Општина Прилеп и прилепските компании: „Прилепска пиварница“, „Жито Прилеп“, „Комфи Ангел“, „Мермерен комбинат“, „Витаминка“ и „Кабелнет“. Се соочуваме со инфраструктурни проблеми, но постепено ги решаваме. Со завршувањето на реконструкцијата на Градскиот стадион и решавањето на проблемите со терени за тренинг, ФК Победа ќе стане клуб кој секоја сезона ќе биде во врвот на македонскиот фудбал,- изјави Д-р Гоце Ингилизов, актуелен претседател на клубот кој ја прими плакетата.

ofs-prilep2

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни