Одличен почеток на нашата фудбалерка во гигантот: Андонова „испука“ специјален гол на дебито во дресот на Барселона (Видео)

andonova

Женската фудбалска секција на Барселона ги започна подготовките за новата сезона и тоа со гол шоу против Унио Еспортива Олот, состав на кој нашата Наташа Андонова и колешките му испорачаа 17 парчиња во мрежата (17-0).

Во оваа голеада најдобрата македонска репрезентативка за ова беше деби во дресот на славниот клуб учествуваше со еден гол за 8-0 во 39 минута, погодок кој беше вистински еврогол.

За избраничките на Фран Санчез ова беше премиерен меч во претсезоната, па ова издание е добра најава за предизвиците кои следуваат во следната кампања.

Facebook Коментари