Несторовски и Трајковски елиминирани на пенали во италијанскиот куп

Nestorovski-Kaljari

Палермо загуби на пенали од Калјари и доживеа елиминација во третото коло на италијанскиот фудбалски куп.

Илија Несторовски и Александар Трајковски беа стартери за италијанскиот второлигаш кој имаше резултат 1:1 на гостувањето во Калјари, а по продолженијата без голови, на сцена стапи пенал рулетот.

Единствениот гол во регуларните деведесет минути за гостите бил дело на Ла Гумина, а Јајало и Алесами не реализирале пенали, по што Калјари кој не погреши со ударите кон голот на Посавец, се пласираше во следната рунда. Трајковски настапи до 60. минута, додека Несторовски ја одигра целата средба, но не доби шанса да бие при изведувањето на пеналите.

Facebook Коментари