Не е само играч во шеснаесетникот: Габриел Жесус со бразилска минијатура го избезуми противникот од Брајтон (Видео)

gabriel-hesus

Габриел Жесус беше главен виновник за тоа што Данк си постигна автогол во победата на Манчестер Сити од 2:0, но со своите движења кои ги прикажа денеска, само ни демонстрираше дека веќе комплетно е навикнат на системот на Пеп Гвардиола.

При неговото пристигнување од Бразил, англиските таблоиди го проценија младиот Жесус како клинички добар финишер и играч кој е феноменален во шеснаесетникот, но денеска се прикажа во фантастично светло и надвор од 16-те метри на противникот, а тоа најдобро го почувствува Данк кој остана изигран во дадената ситуација.

Во продолжение погледнете уште една магија од вториот дел…

Facebook Коментари