Мурињо повеќе сака да дојде во Скопје, отколку да го освои четвртото место во Премиер лигата

murinjo-okezen

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо најави дека ќе се фокусира на титулата во Лигата на Европа, наспроти тековните коментари за пласманот на тимот во домашното првенство.

Јунајтед го искористи киксот на Арсенал за да ја преземе петтата позиција на табелата, но до посакуваната четвртва позиција во Премиер лигата заостануваат четири бодови зад Ливерпул, но имаат и два натпревари помалку.

– Ако морам да изберам помеѓу освојување на Лига Европа и четвртото место во Премиер лигата, би му дал поголема предност на првото, затоа што носи поголем престиж, а покрај тоа ќе имаме можност да играме и за Супер Купот на Европа,- изјави 54. годишниот Португалец.

Како што е добро познато, Суперкупот на УЕФА 2017. година ќе се одржи во Скопје на 8. август, а силите ќе ги одмерат победниците во Лига Европа и Лигата на шампионите.

Facebook Коментари