Мончи со ултиматум за управата на Лестер

monci-roma-8328932

Лестер веќе одби неколку понуди на Рома за Ријад Марез, па спортскиот директор на „волчицата“ Мончи е при крај со трпението и му постави ултиматум на англискиот клуб.

Мончи и дал рок на управата на Лестер до полноќ на 15 август да одговори на понудата од 35 милиони евра, во спротивно Рома ќе ги прекине преговорите и ќе бара други опции.

Марез неколку пати јавно кажа дека сака да си замине од клубот и дека е заинтересиран за трансфер на „Олимпико“. Сепак, тој не може да почне да преговара со Рома пред двата клуба да се договорат за обесштетувањето.

 

Facebook Коментари